Македонија
27. November 2023 - 20:30

Академик Живко Попов избран за нов претседател на МАНУ

Живко Попов е нов претседател на МАНУ. Собранието на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на денешната седница го избра новиот состав на Претседателството на МАНУ за мандатниот период 2024 – 2027 година, што ќе го предводи академик  Попов.

Мандатот на досегашното Претседателство и на претседателот Љупчо Коцарев завршува на 31 декември годинава.

Членови на новиот состав на Претседателството се: акад. Живко Попов – претседател, акад. Алајдин Абази – потпретседател, акад. Витомир Митевски – потпретседател, доп. член Блажо Боев – секретар.

На седницата е усвоен и Четиригодишниот извештај на Претседателството за работата на МАНУ во периодот 2020 – 2023 година, соопшти Собранието на МАНУ.