Свет
13. September 2018 - 13:50

Згрме војската на Путин: Претседателот на смотрата: Ќе ја зајакнуваме војската за да го зашититме суверенитетот

Русија ќе продолжи да ја засилува својата војска, за да може да го брани својот суверинитет и да ги поддржува своите сојузници, изјави денеска претседателот на Русија Владимир Путин на воениот полигон Чугол, каде се одржуваа воените вежби „ Восток 2018“
 
– Наша должност кон државата и татковината е да бидеме подготвени да го браниме нејзиниот суверенитет, безбедност и државните интереси, а ако биде потребно и да ги поддржиме и нашите сојузници. Поради тоа ќе продолжиме да ги јакнеме нашите вооружени сили, да ги опремуваме со најмодерното оружје и ќе продолжиме со меѓународната соработка – изјави Путин 
 
Над 300.000 руски војници со 1.000 авиони и 36.000 тенкови и други оклопни возила учествуваат на воените вежби „Восток 2018“. Ова се најголемите маневри во историјата на модерна Русија.