АИ: Жените имигранти во Европа се подложени на насилство
Жените и девојчињата имигранти, кои доаѓаат во Европа, се подложени на насилство и сексуално злоставување за време на секоја етапа од своето патување. Тоа предупредува во нов извештај објавен денеска, меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“.
Документот се заснова на интервјуата, земени во Германија и Норвешка минатиот месец со 40 жени и девојчиња, вклучувајќи од Сирија и Ирак. Тие патувале преку Турција и Грција преку Балканот.
Жените кои патувале сами или само со деца, се чувствувале под особено сериозна закана во Унгарија, Хрватска и Грција, каде што биле принудени да спијат до стотици мажи бегалци.
Големото мнозинство од имигрантите, кои одат за Европа, се мажи, што ги прави жените особено ранливи, предупредуваат хуманитарните работници.
Жените во бегалските кампови често се принудени да користат исти бањи со мажите.
Дваесет и двегодишна Ирачанка раскажала дека униформиран чувар на камп во Германија и предложил облека, ако помине извесно време сама со него.
Спречувањето на насилството е отежнато од недостигот на постојан систем за прием и регистрација на бегалците, сметаат некои хуманитарни работници.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници