АИ до светските лидери: Притиснете ја Турција да ги ослободи активистите

Mеѓународната организација „Амнести интернешнл“ ги повика денеска светските лидери да извршат притисок врз Турција да ги ослободи шестмината активисти за човекови права, кои Анкара ги обвини за пружање помош на „терористички групи“.
Тврдејќи дека Турција се повеќе станува отпадничка држава, Џон Далхуисен, директор на АИ за Европа изјави во Лондон дека обвиненијата против активистите, меѓу кои и директорот на таа организација за Турција, се очигледно апсурдни.
- Турскиот обвинител го знае тоа, судиите го знаат тоа, турската Влада го знае тоа и странските влади знаат, нагласи тој, укажувајќи дека меѓународната заедница мора да се ангажира во однос на Турција и своите односи со таа земја да ги нарече со вистинското име, „однос со се повеќе отпадничка земја и недоверлив партнер“.
Нарекувајќи го тоа „момент на вистината“ за меѓународната заедница, Далхуисен ги повика партнерите на Турција да заземат цврст став и да побараат шестмината активисти да бидат пуштени и ослободени од сите обвиненија.
Турските власти на 5 јули притворија 10 активисти, за време на работилница за дигитална безбедност и управување со информации на остров јужно од Истанбул. Четворица од приведените во меѓувреме се пуштени на слобода со судска контрола, а шестмина од нив претходно денеска се задржани во притвор.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
