АХВ: Времено затворена гостилница во Влае по пријава за 4 затруени лица
По добиена информација од епидемиолог од Центар за јавно здравје за прием на 4 лица во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје со симптоми на труење со храна, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, спроведоа вонреден инспекциски надзор во гостилница во скопската населба Влае. За лабораториско испитување, земени се брисеви од работните површини и примероци од целата инкриминирана храна што ја консумирале лицата.
На операторот со храна наредени му се превентивни мерки за чистење и вршење на вонредни санитарни прегледи на вработените лица. Од страна на инспекциските служби, гостилницата е времено затворена до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско тестирање.
Во услови на високи температури и поголеми ризици од труење со храна, АХВ упатува апел операторите да бидат одговорни и да се придржуваат до HACCP принципите за безбедност и правилата за добра производствена и добра хигиенска пракса со цел обезбедување на безбедна храна за граѓаните и заштита на нивното здравје. Потрошувачите да бидат одговорни купувачи, да водат сметка и храна да набавуваат од регистрирани оператори, односно да пазарат на начин и во време кога нема опасност да предизвикаат нејзина контаминација поради високите температури.
Бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22 на Агенцијата за храна и ветеринарство останува отворена на пријавување на сомнеж во однос на безбедноста на храната. Претставки до Одделението за заштита на потрошувачите граѓаните може да поднесат и лично и електронски на info@fva.gov.mk.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство денес го прогласија за неупотребливо и наредија уништување на приближно два тони замрзнато свинско месо по потекло од Република Грција, чиј шверц беше спречен викендов од страна на мобилна екипа на Царинската управа. За запленетите количини, вчера АХВ беше официјално известена од Царинска управа, врз основа на што беше издадена и наредбата за нештетно уништување на небезбедното месо.
АХВ ја информира јавноста дека до овој момент, преку Системот за брзо информирање за Европската унија нема добиено известување за пласирана небезбедна серија хималајска сол од брендот Котами, која поради утврдено присуство на пластика во одредени серии се повлекува од пазарот во некои од земјите од регионот.
Како одговорна институција за безбедноста на храната АХВ ќе ја следи состојбата и доколку има потреба, навремено ќе бидат преземени соодветни мерки.
Ново на Сител
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково