АХВ: Во Македонија нема „африканска свинска чума“, „Македонски шуми“ – Демир Капија шири дезинформации
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го демантира известувањето пратено до собирачите на други шумски производи испратено од „Македонски шуми“ ПСШ Демир Капија во кое се тврди дека во Република Македонија е потврдена појавата на опасната заразна болест „африканска свинска чума“ кај диви свињи.
-Бараме од одговорното лице во ова јавно претпријатие кое ја дезинформира јавноста и непотребно внесе страв и паника кај граѓаните официјално да ја демантира ваквата дезинформација, наведува АХВ.
Во Македонија во моментов нема појава на „африканска чума“ кај свињите, ниту во фармите, ниту кај популацијата диви свињи.
-Будно и на дневна основа ја следиме состојбата со болеста во соседството и во другите земји каде е потврдено нејзиното присуство. Доколку има појава и кај нас, навреме ќе реагираме и ќе ја информираме јавноста. Апелираме до лицата кои собираат шумски производи или други лица кои по која било основа ќе најдат мрша од дива свиња, за тоа да го известат надлежниот официјален ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство или најблиското ветеринарно друштво, истакнува АХВ.
Дополнува и дека во соработка со фармерите активно се работи на зајакнување на биосигурносните мерки на свињарските фарми со цел спречување на појава и ширење на оваа болест кај нас, а во тек е и реализацијата на активностите за спроведување на попис на свињарските фарми.
-Бидејќи болеста е потврдена во Бугарија, но и во други земји од Европа и регионот, на сила се решенијата за забрана за увоз од земјите каде е потврдено присуството на болеста. Донесено е и Решение за воведување на безбедносни мерки во однос на болеста Африканска чума кај свињите со кое на сточарите кои одгледуваат свињи им се наложи преземање на безбедносни мерки на фармите, стои во соопштението.
За рано откривање, спречување и контрола на Африканска свинска чума во фармите и во природата и за подигнување на свеста за оваа болест, со поддршка на ФАО, АХВ во соработка со Министерството за земјоделство од идната година ќе реализира проект за подигнување на свеста за „африканска свинска чума“ кај ветеринарите, шумарските служби, свињарските фарми, фармерите и ловџиите.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ
-
Зеленски го потпиша буџетот за 2025 со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност
-
Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет
-
Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата за продолжување на мандатот
-
Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница
-
Сиљановска Давкова – Милативиќ: Да се интензивира економската соработка
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила