АХВ со стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес почна со одржување на циклус стручни обуки наменети за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и домашни миленици на граничните премини. Активностите се реализираат во соработка со Царинската управа.
Станува збор за контроли кои имаат суштинско значење за здравјето на луѓето и на животните, како и за безбедноста на храната која се движи низ граничните премини, се согласија на денешното отворање директорите на АХВ, Оливер Миланов и на Царинската управа, Бобан Николовски. Тие пред царинските службеници истакнаа дека координацијата е многу важна во зголемување на ефективноста на двете институции.
-Обуките кои ќе ги реализираме во наредниов период се основа за јакнење на капацитетите на теренските служби на двете институции и за градење на систем кој навреме ги препознава ризиците. Со оваа иницијатива го приближуваме нашето работење до европските стандарди и создаваме институционална координација која не се темели само на работа со документи, туку на реална, практична соработка на терен. Прекуграничниот сообраќај на луѓе, животни и производи е во постојан пораст и затоа од исклучителна важност е да имаме силна, стручна и координирана активност која навремено ќе ги препознае и ќе се справува со ризиците – истакна Миланов.
Првиот човек на Царинската управа, Бобан Николовски ја поздрави иницијативата за реализација на обуките, потенцирајќи дека директор на Царинската управа се залага за континуирано учење и професионален развој на царинските службеници, како темел за една модерна и ефективна царинска служба. Законите, процедурите и предизвиците постојано се менуваат, при што, додаде тој, обуките треба да бидат приспособени на реални сценарија, се со цел истите да бидат ефикасни.
Со обуките, заклучи Миланов, ќе ги зајакнеме вештините на царинските службеници и ќе ги подобриме процедурите за контрола на ризиците кои произлегуваат од движењето на луѓе, животни и стоки како основа за унапредување на системот кој е транспарентен, ефективен и брз во одговорите.
Ново на Сител
-
Турција и Романија победници на Балканијадата во одбојка на песок во Тетово
-
Во Србија одбележуваат Видовден - Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести
-
Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути
-
Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година
-
Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје
-
Сончево со мала до умерена облачност и благ пад на температурите