АХВ: Прекршочна постапка против сопственикот на овчарските кучиња од село Бачишта
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) поведе прекршочна постапка против сопственикот на овчарските кучиња од кичевското село Бачишта кои нападнаа четиригодишно дете.
Постапката, како што соопшти АХВ, е покрената врз основа на извршениот увид на лице место од страна официјалниот ветеринар и овластеното ветеринарно друштво. Притоа, веднаш се преземени сите мерки пропишани со ветеринарната легислатива.
- Извршен е клинички преглед на кучињата, тие се ставени во изолација и под официјален надзор за следење на евентуална појава на симптоми на болеста беснило. Кучињата кои го придружувале стадото овци не биле ниту вакцинирани против оваа болест, ниту идентификувани со микрочип, што е задолжителна обврска за сопствениците на кучиња, информира АХВ.
Во наредните 15 дена, додека кучињата се под официјален надзор, ќе се следи нивната здравствената состојба за да се исклучи постоење на симптомите на беснило. По истекот на рокот за изолација и официјалниот надзор, официјалниот ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство, зависно од утврдената состојба, ќе ги преземе натамошните мерки утврдени со законите од областа на ветеринарното законодавство.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени