Македонија
30. July 2024 - 14:44

АХВ: Нема нотификација дека на македонскиот пазар има небезбедни говедска и пилешка коцка за супа од „Подравка“

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека до овој момент нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за безбедна храна и храна за животни на ЕУ (RASSF), дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни производи говедска и пилешка коцка за супа од хрватската компанија „Подравка“ од Копривница.

- АХВ ќе ја следи состојбата и доколку добие известување веднаш ќе ги спроведе потребните мерки и ќе ја информира јавноста, велат од АХВ за МИА.

Државниот инспекторат на Република Хрватска денеска повлече говедски и пилешка коцки тешки 120 грама со рок на траење до 2 и 3 јули 2025 година, поради можна контаминација поради механичко оштетување на машината.

- Повлечената говедска коцка е од серија 0207241 и може да се користи до 2 јули 2025 година, додека коцката со пилешко е од серијата 0307241 со рок на траење до 3 јули 2025 година, се вели во објавата на Хрватската агенција за земјоделство и храна на својата веб-страница.