АХВ: Нема информација за небезбедни житни снегулки од „Нестле“
Агенцијата за храна и ветеринарство денеска соопшти дека досега преку Системот за брзо предупредување на Европската Унија – РАССФ нема добиено нотификација за небезбеден производ - житни снегулки „Нестле Нестум Експерт со зоб и суви сливи“, којшто компанијата „Нестле Адриатика“ превентивно го повлекува од хрватскиот пазар.
Производот се повлекува по добиена нотификација дека сличен производ на пазарот на ЕУ содржи зголемени вредности на полициклични ароматични јаглеводороди.
Според податоците од Системот за брзо предупредување на Европската Унија, производот е дистрибуиран во Белгија, Холандија, Грција, Бурунди и Уганда и овие земји треба да преземат мерки за негово повлекување и за информирање на јавноста.
Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека има добиено известување од компанијата за повлекувањето на производите и оти будно ја следи состојбата. Доколку се јави потреба, велат од АХВ, веднаш ќе бидат преземени потребните мерки за безбедност.
Ново на Сител
-
Три лица, од кои еден малолетник, пресретнале возило, го нападнале возачот и му го одзеле мобилниот телефон
-
Страшески: Нема ниту еден конкретен доказ кој ја докажува вината на Палевски, предлагам ослободителна пресуда
-
„Ер Индија“ предупредена поради непроверена опрема за итни случаи, конкретно тобогани за спасување
-
ВМРО-ДПМНЕ: Советникот на Филипче во Кочани да си поднесе оставка
-
СДСМ го осудува насилството и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ во советот на Кочани
-
Сообраќајот се одвива непречено, на ГП Богодорица се чека околу 40 минути од македонска страна
-
Велибор Манев: Испаднав наивна будала која си го уништи животот, загубив пријатели, доверба и себе си
-
Јавна седница на Апелација - Васев бара укинување на куќниот притвор