-->
-->
АХВ: На македонскиот пазар го нема бисквитот со вкус на павлака на „Das gesunde PLUS“
-->

До денес Македонија нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување на Европската унија дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ - „Das gesunde PLUS“, бисквит плочка со вкус на слатка павлака.
Станува збор за производ кој е повлечен од пазарите на Германија, Австрија, Франција и Хрватска и за кој на 4 март е објавена нотификација по поднесена поплака на потрошувач, кој нашол пластични делови од четка во производот.
- Агенцијата за храна и ветеринарство доколку добие нотификација преку овој безбедносен систем (РАССФ), со соодветни податоци за серијата/лотот на производство за овој небезбеден производ, ќе постапи согласно протоколите и ќе го повлече од македонскиот пазар, се наведува во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бројните настани привлекуваат посетители
-

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
