АХВ: Граѓаните да не го посетуваат ресторанот „МИР“ во Прилеп зашто не ги исполнува хигиенските услови
Иако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) поради неисполнување на основните хигиенски услови двапати го затвора ресторанот „МИР“ во Прилеп кој е лоциран на вештачко езеро, објектот е повторно отворен, без нејзино одобрение. Поради тоа, АХВ апелира граѓаните да не го посетуваат или ако тоа го прават, да знаат дека е на нивен сопствен ризик.
Како што велат од АХВ за МИА, не е приклучен на градската водоводна мрежа поради што не може да обезбеди хигиенски исправна и безбедна вода.
-На правното лице му е изречена мерката забрана за работа до исполнување на сите услови согласно законот за безбедност на храна. Даден е и прекршочен платен налог за правното лице во износ од 1.250 евра, како и 375 евра за одговорното лице. При повторен контролен надзор со цел проверка на спроведувањето на наведените мерки, ресторанот „МИР“ повторно бил отворен и вршел дејност за што уште еднаш му е изречена глоба поради непочитувањето на инспекторското решение, а ставена му е и лента со ознака „затворено од АХВ“. И покрај тоа, констатирано е дека лентата е отстранета и ресторанот е повторно отворен. Поради тоа ги известуваме сите идни посетители на овој објект, дека тој не е регистиран и не е под контрола на АХВ, а конзумирањето храна и пијалоци е на нивен сопствен ризик, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Ново на Сител
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија

