АХВ ги демантира тврдењата на Николовски за безбедноста на храната
Агенцијата за храна и ветеринарство ги демантира тврдењата што ги изнесе денеска на прес-конференција Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ, за негрижана оваа институција за безбдноста на храната.
Според АХВ, Николовски, без елементарно познавање од областа, нестручно се обидел да ги изманипулира граѓаните, не само дека храната која ја консумираат наводно не е безбедна, туку и дека пазарот е преплавен со ГМО.
- Добро ќе беше пред да излезе на прес-конференција Николовски да се информира дека македонското законодавство кога е ГМО храната во прашање е порестриктивно и од европското. Во Република Македонија целосно е забрането производството, увозот и ставањето во промет на ГМО храна или храна која содржи ГМО состојки, се вели во реакцијата од АХВ.
Убаво е, истакнуваат, заради сопствениот и партискиот имиџ, Николовски да научи и дека во нашата земја, ниту досега, ниту во блиска иднина ќе се произведува ГМО храна, а што се однесува на увозот, на пазарот во земјава може да се увезе само храна за која со сертификат се гарантира дека не е ГМО ниту дека содржи ГМО состојки.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o