АХВ: Енергетски пијалог не смеат да пијат лица под 18 години

Непочитувањето на предупредувањето кое е наведено во означувањето дека енергетскиот пијалок не смее да го пијат лица под 18 години е причина за влошувањето на здравствената состојба на тројцата малолетници од Скопје.
- Инспекциски служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден направија вонредна, дополнителна контрола кај операторот со храна производител на безалкохолниот пијалок кој во јавноста беше посочен како причина за наводно труење со храна на три малолетни лица во скопската населба Радишани, се вели во денешното соопштение од (АХВ).
Оттаму посочуваат дека е извршена контрола на HACCP планот кој го спроведува производителот, проверени се лабораториските анализи кои согласно HACCP планот има обврска да ги прави, при што не се констатирани недоследности. Пијалокот согласно важечките правила е соодветно означен.
Во конкретниов случај, како што истакнуваат од АХВ, не станува збор за небезбеден производ, ниту за труење со храна, туку за непочитување на означувањето од страна на лицата кои го консумирале безалкохолниот пијалок. - Причината, децата да се најдат во таква состојба е поради непочитување на предупредувањето кое е назначено во означувањето дека пијалокот не смее да го пијат лица под 18 години, се додава во соопштението.
Во рамки на редовните инспекциски контроли Агенцијата кај овој оператор извршил контрола пред два месеца. И тогаш, велат од АХВ, не биле констатирани недоследности во работењето, ниту отстапки во поглед на безбедноста.
Ново на Сител
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
