АХВ: Да не се внесува храна од Бугарија, фармерите да не ги пуштаат свињите на паша
Македонските граѓани кои патуваат во Бугарија, при враќање во земјава, во личниот багаж да не носат храна од животинско потекло зашто ќе им биде одземена на граничните премини, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
АХВ ги засили мерките за надзор и контрола на болеста „африканска свинска чума“ по добиената потврда на 31 август годинава дека оваа болест е присутна во селото Тутраканци во реонот на Варна, Бугарија. Донесено е и решение за забрана за увоз и транзит на свињи, производи и нус производи од свинско месо од регионот во Бугарија каде е потврдено присуство на болеста, со цел заштита од внесување на вирусот во Македонија.
До одгледувачите во селските домаќинства, особено до оние фармери кои свињите ги пуштаат на паша, АХВ апелира животните да ги држат затворени, во соодветни објекти, со цел намалување на ризикот да дојдат во контакт со дивите свињи кои може да ја пренесат оваа болест.
Ловџиите, пак, до официјалните ветеринари или до најблиското ветеринарно друштво треба да го пријават секое угинување на диви свињи кое ќе го забележат при ловењето. Ветеринарните друштва се задолжени, при вршење на секојдневните активности на терен, да ја следат здравствената состојба на свињите и до официјалните ветеринари да го пријават секој сомнеж на појава на оваа болест.
- Покрај засилениот надзор и контрола на граничните премини кои го спроведуваат официјалните ветеринари, Агенцијата ја информира и Царинската управа за воведување дополнителни, засилени контроли, особено на личниот багаж на патниците (внесување храна од животинско потекло - месо и производи од месо), преку кои може да се внесе болеста, наведува АХВ.
За едукација на комерцијалните одгледувачи на свињи и за фармерите за важноста од воведувањето на биосигурносните мерки на фармите, заради намалување на ризикот од внесување и ширење на болестите кај свињите, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви и испечати Прирачник за воведување на биосигурносни мерки на одгледувалиштата на свињи. Прирачникот ќе биде дистрибуиран до сите регистрирани одгледувачи на овој вид добиток, а може да се преземе и од интернет страницата на АХВ.
„Африканската свинска чума“ не е опасна за луѓето, но, е високо заразна вирусна болест кај дивите и домашните свињи што многу брзо се шири и предизвикува големи економски штети и загуби во свињарството. Не се лекува, односно за неа не постои вакцина.
Освен во Бугарија, во регионот на Варна, болеста ја има и во Естонија, Латвија, Летонија, Белорусија, Украина, Полска. Во 2017 година жаришта на болеста беа потврдени во Молдавија, Романија и Чешка, а во април 2018 првпат болеста се појави во Унгарија. Ендемски е присутна во Италија на островот Сардинија.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување