АХВ будно ја следи состојбата со птичјиот грип во регионот и Европа
Во Македонија нема птичји грип. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како што соопшти, будно ја следи состојбата со болеста во регионот и Европа и е во континуирана и координирана комуникација со ветеринарните служби од соседните држави.
Според АХВ, птичјиот грип бил тема на завчерашниот координативен состанок што го одржал директорот Зоран Поповски во својство на претседател на Националниот центар за контрола на болести, со претставници од 15-те релевантни институции, членки на ова тело.
- Целта на состанокот беше координирање на активностите и обврските на секоја од институциите за преземање соодветни мерки за брзо и ефикасно справување со евентуална појава на птичји грип во Република Македонија. Се дискутираше за состојбата со болеста во Европската унија и во регионот, особено во соседните земји Бугарија, Грција, Црна Гора и Србија, а презентирани беа и сите досегашни активности и преземени превентивни мерки од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
На состанокот, додава АХВ, биле разгледани и сите можни сценарија при евентуална појава на болеста, како и начинот на делување за справување со птичјиот грип.
Ново на Сител
-
Израел ги проширува воените операции и окупира делови од Газа
-
Келог: Конфликтот во Украина е на работ на примирје, но потребен е договор
-
Неврологот од Гостивар кој ја менува политичката сцена | Арбен Таравари | Sitel Podcast 087
-
Политико: Маск наскоро ќе се повлече од челното место во ДОГЕ, се враќа на бизнисот
-
Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата