Македонија
24. October 2017 - 9:55

Ахмети во Чегране, Гостиварско: Најдобро е да го поддржите Бејта

Сметам дека е најдобро за Чегране и за Гостивар да го поддржите Невзат Бејта исто како што тоа го прават Демократската унија за интеграција, извршната власт, пратеничката група и јас лично.

Со оваа порака лидерот на ДУИ Али Ахмети нагласи дека стојат зад кандидатот за градоначалник на општина Гостивар на синоќешната средба со жителите на селото Чегране, нагласувајќи дека политичките противници се служат со клевети и лажни вести.

- Тие им се потсмеваат на сите кои се занимаваат со политика, користејќи се со лаги и клевети. Јас не опстоив толку време во политиката со лаги и со поделби на Албанците. Ајде да заборуваат за нас дека не сме ги создале најдобрите работни места и услови за живот, да зборуваат за она што не сме го направиле, но обвинувањата со лаги и клевети не ги прифаќам, истакна Ахмети. 

Кандидатот за градоначалник во вториот круг, Невзат Бејта на жителите на Чегране им образложи делови од новата програма 2017- 2021, која како што рече е продолжение на плановите за обнова на Гостивар и околните села, нагласувајќи дека Чегране и понатаму останува приоритет за идни инвестиции.

- Тука во присуство на нашиот претседател ве уверувам новата Влада ќе го реши проблемот со регионалната депонија за една година. Така ќе се отстранат и дивите депонии што ги имаме во вашето Чегране. Како главен проект кој го вклучува Чегране е проектот "Вода за Гостивар". За оваа намена обезбедивме 9,2 милиони франци од швајцарската Влада. Со овој проект, Чегране ќе се снабдува со вода за пиење од изворот на реката Вардар. Со плановите за „утрешниот Гостивар“, предвидовме и слободни економски зони, една фабрика ќе биде и во Чегране. Планирано е компанијата „ПРГ Англија", која веќе има отворено една фабрика во Балиндол, таква да има и во Чегране. Таа инвестија е над 15 милиони евра, рече Бејта, додавајќи дека Чегране е опфатено со генералниот урбанистички план и градењето ќе продолжи со издавање градежни дозволи.

Бејта за едно од најбројните населени места во гостиварската општина најави изградба на спортска сала во детски игралишта, спортски терени, уредување на двете училишни згради со услови за престој на претшколски деца, канализација и довршување на повеќе улици низ селото.