Aхмети се сретна со словенечкиот амбасадор Јазбец
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со словенечкиот амбасадор во Македонија Милан Јазбец.
Како што соопшти ДУИ, Ахмети и Јазбец разговарале за политичките случувања во Македонија и за излез од политичката криза. Ахмети го запознал Јазбец дека ДУИ има разговарано со главните парламентарни партии за, како што се наведува, иницирање парламентарна координација со цел да продолжи и да заврши конститутивната седница на Собранието.
- Новоизбраниот претседател на Собранието по завршувањето на таа седница треба да ја информира институцијата Претседател на државата за новото парламентарно мнозинство и да побара споделување на мандатот за формирање влада, се вели во соопштението од ДУИ.
Ахмети повторил дека политичката и институционалната криза не треба да се претвори во етничка криза.
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина