Ахмети: Навивачите беа во МНТ да прослават, а не да предизвикаат штета или вандализам

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска, одговорајќи на новинарско прашање, изјави дека немало ништо спорно што навивачката група „Шверцери“ одржала прослава во МНТ, и оти намерата не им била да предизвикаат штета или вандализам.
– Што се однесува до материјалната штета на театарот, тоа е другo прашање што ќе го процени Министерството за култура, но не мислам дека луѓето отишле таму за да предизвикаат штета или вандализам, рече Ахмети по полжувањето цвеќе на споменикот на „Скендербег“ во Старата скопска чаршија по повод Денот на албанското знаме.
Ахмети истакна дека во многу цивилизирани земји како Германија, Велика Британија и низ целиот свет, навивачите на разни спортски клубови ваквите манифестации за одбележување на деновите на нивното основање ги одржуваат во националните театри.
Ново на Сител
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
-

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
-

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор
-

Де ла Фуенте: Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол
