Ахмети на нова средба кај Груби
Попладнево албанскиот министер за надворешни работи имал средба со вицепремиерот Артан Груби, а според соопштението кое стигна од ДУИ во канцелариите на Министерството за политички систем и покрај низата критики средба со гостинот од Албанија имал и партискиот лидер Али Ахмети.
Нa ваквите злоупотреби на државните простории за партиски средби реагираше Антикорупциска , но и вицепремиерката Грковска со тврдење дека бил опоменат но очигледно кај Груби и Ахмети нема никаков ефект од опоменувања.
Во партиското соопштение се наведува дека Ахмети детално ја елаборирал иницијативата на Европскиот фронт и ризиците од растечкото влијание од Русија во земјата и регионот.
Ахмети и Хасани се согласија дека Европската Унија е единствената алтернатива за нашиот регион.
Ново на Сител
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст
-
Донесени измените на Законот за средно образование
-
Зоолошка: Ламата која угина имаше туберкулоза, за оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина
-
По 7 години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее!
-
Таравари: Секој кој се огрешил пред законите мора да понесе одговорност