Ахмети даде исказ во СЈО каде беше повикан како сведок
.be
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Специјалното јавно обвинителсво даде исказ во својство на сведок. По давањето на исказот во СЈО тој не прецизираше за кој од случаите што се во надлежност на обвинителството бил повикан како сведок. Рече дека само ја извршил неговата граѓанска должност.
– Одговорив на поканата на СЈО, кое е формирано со волјата на сите политички партии, за да се расветли вистината и сето тоа што се случува во РМ. Јас гласав во Собранието за основање на оваа институција, СЈО и воопшто не сум ја избегнувал поканата. Сега сме во предистражна постапка, бараме институциите за владеење на правото да постапуваат независно, без емоции и без етнички предрасуди и да се делува во насока на имплементирање на законите, бидејќи само така може да одиме напред, рече Ахмети.
Тој на новинарско прашање дали бил повикан како сведок за случајот со уривњето на „Космос“, не сакаше да прецизира за што се однесувал распитот.
– Не е коректно во предистражна постапка да се кажуваат детали, рече Ахмети. Исто така не коментираше и дали бил прашуван за други случаи во надлежност на СЈО.
Претседателот на ДУИ Али Ахмети во СЈО беше во придружба на шефот на кабинетот, Артан Груби. сст/18:37
Ново на Сител
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
-

Адвокати бараат да прекине судењето за пожарот во „Пулс“
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
