Агрометеоролошките станици во Преспа го намалија прскањето на јаболката до 30 проценти
Седум агрометеоролошки станици на различни локации во Преспа покажуваат дали и кога има потреба од прскање пестициди кај овошките, со цел намалување на прекумерната употреба од хемиски препарати.
Земјоделците, како што информира претседателот на Здружението на овоштари во Преспа Љубе Пампулевски, преку смс порака или на страницата на Здружението на социјалната мрежа фејсбук добиваат известување кога и со какви препарати треба да ги прскаат насадите и да се запази концентрацијата при третирњето за да спречат болести или штетници. Тоа, според него, придонесува за намалување на трошоците и максимална заштита на животнта средина и подземните води на Преспанското Езеро.
- Со функционирањето на овие станици третирањето се намалува за една третина или 25 до 30 отсто. Со тоа имаме заштеда во пари, време, работа и гориво, како и заштита на животната средина. Но, клучното нешто е овоштарите да ги упатиме кога и со што треба да ги третираат овошните насади. Доколку препаратот што се нанесува не е во соодветно време нема ефект, појасни Пампулевски.
Овие мерки, заклучи дека најмногу ги применуваат помладите и посериозните земјоделци, кои професионално се занимаваат со овоштарство.
- Не можеме да влијаеме 100-процентно кај земјоделците, но оние што ги применуваат мерките го чувствуваат бенефитот во квалитетот на родот и финансиските заштеди. Од година во година советите се поприфатени, рече Пампулевски.
Агрометеоролошките станици мерат околу 40 параметри меѓу кои температурата и влажноста на воздухот, брзината на ветерот, сончевата радијација... и врз оснива на тоа во агрохемиска лабараторија се утврдува каков е ризикот од појава на болести или штетници. Опфаќаат околу 90 проценти од обработливото земјиште во Преспа.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени