Бизнис
9. јуни 2017 - 14:37

Агрокор обезбеди заем од 480 милиони евра

Хрватската прехранбена компанија Агрокор, која има големи долгови, си обезбеди заем од 480 милиони евра, изјави владиниот експерт Анте Рамљак.

Тој појаснува дека средствата се обезбедени од субјекти кои поседуваат обврзници, предводени од Најтхед Капитол Менаџмент и локални банки.

Агрокор, компанија со околу 60.000 службеници, беше ставен под стечај во април, откако нејзиниот долг достигна 40,1 милијарди куни (6,1 милијарда долари) во крајот на март.