„Агрофуд“ од 1 до 4-ти октомври на Скопски саем

Македонска традиционална зимница и органски производи по промотивни цени, ќе понуди годинашниот „Агрофуд“ што ќе се одржи на Скопски саем од 1 до 4-ти октомври годинава.
Како што беше речено денеска на прес-конференција, манифестацијата која се организира 65-та година по ред, покрај промотивен, ќе има и продажен карактер.
Ќе се претстават компании од конзервната индустрија, земјоделската механизација, индустријата за амбалажирање и пакување, како и од областа на производство на опрема за прехранбена индустрија, а ќе бидат организирани и Денови на дегустација и продажба на органски производи, Денови на дегустација и продажба на македонска зимница, како и дегустација и продажба на млечни и сувомесни производи.
- Во рамки на „Агрофуд“ ќе се одржат и Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство, како и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) кое е партнер на Саемот. МЗШВ ќе ги претстави ИПАРД програмите и Платежната агенција, рече проект-менаџерот на Скопски саем Магдалена Хамбова.
Соработник на саемската манифестација е и Сојузот на стопанските комори кој уште првиот ден ќе организира Македонско-унгарски бизнис средби.
Унгарија со десетина фирми, годинава е учесник и партнер на „Агрофуд“. Унгарските компании се заинтересирани за соработка, а главно бараат производители на вино, дистрибутери во синџирот на супермаркетите и на алкохолните пијалаци, сточари, фармери и земјоделци со помали површини, како и партнери за реализирање увоз на унгарски производи.
„Агрофуд“ ќе биде отворен од 11 до 19 часот, а влезот е бесплатен.
Ново на Сител
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
-

Песков: Преговорите со Украина во моментот се на пауза
-

Хуманитарна помош од два милиона евра од ЕУ за Непал
-

Нов рекорд за меѓународниот аеродром во Тирана, над 60.000 патници за еден ден
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
