Агенти од САД и Русија и седум илјади полицајци задолжени за безбедноста на самитот на ОБСЕ во Белград

Над седум илјади полицајци, кои ќе бидат распоредени во пет прстени и снајперисти на покривите на зградите се задолжени за обезбедувањето на учесниците на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, кој ќе се одржи на 3 и 4 декември во Белград.
Безбедноста на самитот е подигната на највисоко ниво бидејќи состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од ОБСЕ се одржува во време на зајакнати терористички напади и влошени односи меѓу некои земји во светот.
Освен српските безбедносни служби ќе има и специјалци на други држави, а американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Србија ќе дојдат со свое обезбедување.
За безбедноста на Кери ќе се грижат припадници на тајна служба, која во описот на работата ја има заштитата на претседателот на САД, односно највисоките функционери и американската валута доларот. Овие оперативци се единствени, кои имаат право да одбијат наредба на претседателот на САД.
Со Лавров пристигнуваат оперативци на руската Федерална служба за безбедност и тие ќе бидат задолжени само за првиот прстен на безбедноста, додека за останатото обезбедување ќе бидат задолжени домашните служби. Сите останати функционери се под заштита на српските безбедносни служби и полицијата.
Учеството го потврдија околу 70 држави и околу 40 министри за надворешни работи. Се очекува дека на самитот ќе има околу седум илјади учесници - членови на делегации, обезбедување и организатори.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
