Агенти на СИПА се обиделе да го уапсат Додик во Источно Сараево, ги спречиле специјалци на Република Српска
Агенти на Државната агенција за истрага и заштита на Босна и Херцеговина (СИПА) синоќа се обиделе да го уапсат лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, но биле спречени во намерата од припадници на полиција на Република Српска.
Инспекторите на СИПА се обиделе да го приведат Додик додека престојуваше во владината канцеларија на РС во Источно Сараево, но тие се повлекле кога на патот им застанале полицајците задолжени за обезбедување на актуелниот претседател на РС.
Како што може да се види на видеата кои се појавија на социјалните мрежи, немало директен конфликт меѓу припадниците на државната и ентитетската полиција, туку тие само разговарале.
Инспекторите на СИПА биле во вообичаени униформи, додека приодот до зградата каде што бил Додик бил блокиран од тешко вооружени специјалци на МВР на РС.
Министерот за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина, Рамо Исак, потврди дека полицијата на овој ентитет веднаш е ставена во состојба на готовност, а ја критикуваше и СИПА за лошо организираниот обид за апсење.
„Испраќањето на неколку инспектори во административниот центар на владата на РС во Источно Сараево со наредба да се обидат да го приведат Милорад Додик и сето тоа без помош на специјална единица на СИПА навистина фрла сомнеж во способноста на државната агенција да обезбеди доследно почитување на законот на целата нејзина територија или зборува за неможноста на раководниот персонал да ја анализира и планира успешната операција“, рече Исак.
Судот на Босна и Херцеговина распиша потерница по Додик и му одреди притвор бидејќи одби да одговори на поканата за сослушувањето на Обвинителството на Босна и Херцеговина кое против него води истрага поради сомнение дека се обидел да го загрози уставниот поредок на Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор
-
И Филипче бара од Бугарија да нема нови барања за македонскиот идентитет
-
Владата отвора телефонска линија за барањата и потребите на повредените во Кочани и нивните семејства
-
Поголемо внимание и прилагодена брзина на патиштата за безбедност во летната сезона
-
Внимателно со барањата за високи плати, да не вивне инфлацијата!
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вози Ауди Q8 купен од газда на фирма која набавуваше 3 пати поскап јаглен
-
СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година
-
Заврши изградбата на пречистелната станица во Дојран