Агенцијата за туризам на саем за туризам в Бања Лука
Претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) ја
презентираа Македонија пред повеќе од 30.000 посетители на третиот Меѓународен саем за туризам во Бања Лука.
- Целта на посетата на АППТ беше да се испита можноста за соработка на Македонија, со еден млад пазар. Агенцијата за туризам за време на овој саем оствари средби со Туристичката организација на Република Српска, Туристичка организација на град Бања Лука, Туристичка организација на Република Србија, Здружението на Македонци во Бања Лука (КДМ Вардар), министерот за туризам и трговија на Република Српска, Предраг Глухаковиќ и Александар Сеничиќ (ЅУТА), при што беше посочено дека Македонија за овој пазар би можела да биде атрактивна со средношколски екскурзии и специјализирани тури, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ. хс/скс/16:37
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб