-->
-->
Агенцијата за медиуми ќе го испитува сопствеништвото на 1ТВ
-->
На денешната седница АВМУ едногласно донесе одлука да поведе постапка за утврдување дали постои повреда на забраната за таен сопственик на радиодифузерот 1ТВ.
Сведоци сме дека лицето Бојан Јовановски јавно изјавува дека е сопственик на 1ТВ што е спротивно на информациите со кои располага Агенцијата за медиуми.
Според Централниот регистер 1ТВ е во 100% сопственост на “БЈМ Медиа Груп” што е во сопственост на Миле Јовановски.
- На ваков начин се врши директно прекршување на членот 44 од Законот за медиумски услуги со кои што е забрането тајно сопствеништво на радиодифузерите, констатираа членовите на Агенцијата на медиуми.
По ваквата одлука во рок од 15 дена Бојан Јовановски ќе треба да поднесе писмена изјава заверена на нотар дека не е сопственик на 1ТВ.
Деспина Тодоровска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Момче пријавило напад и повреда со остар предмет во Карпош, приведен малолетник
-
Пронајдена дрога во Битола, приведени две лица
-
Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети
-
Приведен криумчар на мигранти во близина на селото Богородица
-
Димитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светска банка
-
Без вода дел од Батинци
-
Приведен жител од Тетово во чиј дом е пронајдена дрога
-
Од Скопскиот аеродром до 44 дестинации со зимскиот ред на летање, до четири од Охридскиот