Македонија
9. November 2015 - 9:05

Агенцијата Анадолија отвора редакција на македонски јазик

Турската национална новинска агенција Анадолија денеска во Скопје ќе ја промовира редакцијата на македонски јазик.

На свеченото отворање ќе присуствуваат турскиот вицепремиер и Јалчин Акдоган и претседателот на Извршниот одбор и генерален директор на Анадолија Шенол Казанџи. 

Со отворањето на редакцијата на македонски јазик, агенцијата Анадолија ќе продуцира вести и други прес материјали на 10 јазици.

Редакцијата на Анадолија во Скопје, покрај на македонски, ќе објавува содржини и на албански јазик.