Македонија
29. July 2024 - 16:35

Агелер: Црната листа на САД ќе се проширува со нови имиња

Никој не е над Законот и секој треба да сноси одгворност за своите постапки, истакна денес во Штип, амбасадорката на САД во Македонија, Ангела Агелер. Амбасадорката најави дека т.н. црната листа ќе се проширува затоа што е нешто што го бараат и го наметнуваат законите на САД и таа е диманична и органска и постојано претрпува промени.

- Во секој случај има мноштво имиња кои можат да се изберат, се разгледуваат повеќе имиња, се разгледуваат случаи, се следи ситуацијата воопшто и може ќе ве разочарам зошто немам конкретен датум кога оваа црна листа ќе биде ажурирана, меѓутоа тоа постојано се прави, изјави Ангела Агелер, амбасадрока на САД во Македонија

Што се однесува до македонското законодавство, Агелер со став дека реформите во правосдството се неопходни и нужни.

- Секоја реформа во Судскиот совет и воопшто, секоја реформа во судството треба многу внимателно да се разгледа и тие прашања да се разгледаат и да се донесат мудри одлуки, но во секој случај има еден патоказ од ЕУ, кој ние како амбасада и како земја го поддржуваме, додаде Агелер

Амбасадорката, заедно со премиерот и министерот за одбрана денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип го посетија лесниот пешадиски батаљон и ги промовираа новите 6 лесни оклопни возила, наменети за оваа единица.