Африканската чума во Бугарија нема да ја зголеми цената на свинското месо
Присуството на болеста африканска чума во Бугарија нема да го поскапи свинското месо на македонскиот пазар, смета претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев.
-Засега нема да има покачување на цената бидејќи земјава со своето производство го задоволува пазарот за свежо свинско месо. Нема да има недостиг на месо, ниту потреба да се зголемат цените, изјави Шаклев.
Моментно цената е 95 до 99 денари за килограм жива мера.
Шаклев апелира одгледувачите на свињи да ги преземат мерките што ги наложи Агенцијата за храна и ветеринарство: поголема дезинфекција во фармите, а оние кои ги пуштаат на паша свињите, тоа веќе да не го прават, бидејќи најголем преносител на оваа болест се дивите свињи, кои можат да дојдат во контакт со нив.
-Агенцијата за храна и ветеринство даде добри мерки за да се заштитат свињите од африканската чума, за која нема ниту вакцина, ниту лек. Апелираме ловните здруженија да почнат со лов на дивите свињи, бидејќи тие се најголемите преносители и не знаат за граници. Една дива свиња може да помине за 24 часа вкупно 50 километри, односно да премине од една во друга држава. Затоа итно мора да се почне ловот на дивите свињи, нагласи Шаклев.
Укажа и дека низ годините ваква болест во државата не е регистрирана. Во моментов земјава има околу 196.000 товеници, а годишно се произведуваат околу 13.000 тони свинско месо. в
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава