Аферата со фиктивните вработување на намали популарноста на Фијон
Аферата околу фиктивните вработувања како парламентарни соработници на членови на семејството на претседателскиот кандидат на француските Републиканци, Франсоа Фијон, се распламтува и можно е да резултира со негово повлекување од кандидатурата, јави дописникот на МИА од Париз.
По обелоденувањето на скандалот дека Фијон на своите блиски како парламентарни соработници им исплатил околу еден милион евра на има фиктивни плати, за една недела резултираа со пад на неговата популарност, па сега најновите испитување на јавното мислење покажуваат дека тој би можел да биде елиминиран од трката за претседател на Франција уште во првиот круг.
Во услови на тешка медиумска позиција и со сериозни обвинувања за кои се води и истрага пред евентуално покренување на обвинение, Фијон продолжува да се брани на сите можни начини.
Тој денеска ја обвини левицата дека извршиле „досега невиден уставен државен удар“.
- Знаеме од каде доаѓа оваа афера. Таа доаѓа од власта, од левицата, изјави Фијон.
Веднаш на ова одговори портпаролот на француската Влада предводена од социјалистите, Стефан Фол, кој обвинувањата од Фијон ги оцени како „неприфатливи“, додавајќи дека „единствената власт е таа на правдата“.
- Секој треба да ја сноси својата одговорност. Французите чекаат едноставно вистина и транспарентност. Правдата врши истрага и таа тоа го прави независно. Таа тоа ќе го спроведе до крај за да се дојде до вистината и транспарентноста. Ова е позицијата на Владата, рече Фол.
Во кулоарите веќе започна да се проценува кој би можел го замени Фијон како кандидат на Републиканците во трката за Елисејската палата, а како можни наследници се споменуваат имињата на Лорен Вокие, Фрнасоа Баруан или Ксавиер Бертран.
Ново на Сител
-
Путин ги осуди обидите за ревидирање на историјата на Втората светска војна
-
Карни на средбата со Трамп: Канада никогаш нема да биде на продажба
-
Концерт на Марија Николовска во Њујорк
-
Измените на Законот за локална самоуправа поминаа на Влада, законското решение ќе важи за новите градоначалници
-
Поднесено барање за поништување на првиот круг од претседателските избори во Романија
-
Во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 158 мигранти
-
Апелација ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, прифатена гаранцијата во пари и имот и определени мерки за претпазливост
-
Обвинение против 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола, направиле имотна штета во износ од 178.370.319 денари