Аеродромите од 1 јули целосно отворени за сообраќај

Од среда, 1 јули целосно ќе бидат отворени за сообраќај двата аеродрома во земјава, а во моментов се работат протоколите за работа на аеродромите, потврди денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
-Одлуката на Владата е донесена и аеродромите ќе бидат отворени на 1 јули, тоа е среда. Согласно протоколите коишто ги работат ТАВ и Комисијата за заразни болести ќе се види точно како треба сите да се однесуваат коишто сакаат да патуваат до Македонија и се разбира надвор од Македонија, изјави Сугарески при денешната посета на Арачиново заедно со премиерот Оливер Спасовски.

Тој најави дека планира деновиве заедно со министерот за здравство да посетат аеродром, каде, како што кажа, целосно ќе биде објаснето од страна на ТАВ и од Комисијата за заразни болести како ќе се работи и за тоа ќе биде запознаена јавноста.
Аеродромите во земјава беа затворени на 16 на март годинава, веднаш по појавувањето на пандемијата со коронавирусот КОВИД-19. Оттогаш работеа само за државни, воени, хуманитарни, медицински, санитарни и карго летови.
Вчера ТАВ ги објави протоколите по кои ќе работат аеродромите во услови на КОВИД-19.
Ново на Сител
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
-

Ланците маркети на средба во Владата - Се бара начин да се спречи раст на цените
-

Одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи
-

„Иднина која инспирира“: dm платформа која ја враќа вербата во силата на поединецот и заедницата
-

Ескалираат тензиите во Ормутскиот тенсец
-

Мицкоски на средба со трговците и претставници на маркетите, опозицијата бара мерки
-

Уставниот суд ги отфрли сите иницијативи за „Сејф Сити”
