Адвокатот на Трамп се сретнал со руски олигарх пред инаугурацијата на претседателот

Мајкл Коен, адвокат на претседателот на САД, Доналд Трамп, се сретнал со рускиот олигарх Виктор Векселберг, близок до Кремљ. Средбата се случила во Њујорк, неколку дена пред Трамп да стапи на должноста претседател.
За време на дискусијата во канцеларијата на Коен, 11 дена пред инаугурацијата на Трамп, адвокатот и олигархот разговарале за подобрувањето на односите меѓу Москва и Вашингтон и се договориле да се сретнат повторно на церемонијата, пишува „Њујорк тајмс", цитирајќи го Андреј Интратер, Американец, кој присуствувал на средбите и ги води инвестициите на Векселберг.
Извор, кој побарал анонимност, ги потврди информациите на „Њујорк тајмс“.
Фирмата на Интратер, „Колумбос нова" му дала на Коен консултантски договор вреден еден милион долари, кој во моментов се истражува од федералните власти на САД. Специјалниот истражен офицер Роберт Малер ги испитува наводните контакти на Трамп и неговите помошници со Русија, пред и по претседателските избори во 2016 година.
Во исто време, федералните обвинители ги испитуваат финансиите и бизнис зделките на Коен.
Интратер изјави дека Векселберг не му дал инструкции да го ангажира Коен како консултант.
Инаку, олигархот веќе беше испрашуван од агенти на ФБИ кои работат на истрагата на Малер.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
