Адвокатите на Груевски и Поповски побараа одложување на јавната седница на Апелација
Сo мало задоцнување во Апелацискиот суд почна, но веднаш на почетокот беше и прекината јавната седница на која се одлучува по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.
Адвокатите на осудените Никола Груевски и Ѓоко Поповски побраа одложување на седницата поради обврски на други судски процеси.
Судечкиот совет во состав Цветанка Периќ, Тања Милева, Тања Дуковска, Зоран Димитриевски и Енвер Беџети, даде пауза за да се произнесе по барањето на адвокатите.
Вчера, Судечкиот совет почна и веднаш се одложи јавната седница, поради неприсуството на осудениот Груевски и неговите четворица адвокати, кои според претседателката на кривичниот совет Цветанка Периќ, уредно го известиле судот дека денеска ќе приствуваат на рочиштето во Кривичниот суд Скопје за предметот на СЈО „Насилство во центар“, во кое Груевски, исто така, е обвинет.
За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи