Адвокатите бараат повлекување на обвинението за „Насилство во Центар"
Со завршни зборови на одбраната на Миле Јанакиески, денеска во Скопскиот кривичен суд продолжи судењето за случајот „Насилство во Центар".
Адвокатот Димитар Дангов му предложи на Обвинителството да го повлече обвинението бидејќи не се докажало дека е сторено кривичното дело за кое обвинет е Јанакиески.
Дополнително, Дангов рече ако тоа не го стори обвинителството, предложи судот да донесе ослободителна или одбивателна пресуда.
-Не е фер да сте обвинети, а потоа тоа не важи и се повлекува. Во делот за својството на Јанакиески се внесуваат квалификации и тоа само субјективно без докази со единствена цел да се зголеми вината кај Јанакиески, истакна Димитар Дангов, Адвокат на Јанакиески.
Тој рече дека иако судот не прифатил да го сослуша владиката Агатангел, неговата изјава дадена за медиумите била да не се урива црквата.
-Дали повикот на Агатангел требаше да содржи молби за одење во црква и со палење свеќи да се очекува да не се промени Деталниот урбанистички план со кој треба да се урне црквата во Центар, рече во својот завршен збор адвокатот Дангов.
На минатото судење, Обвинителството го промени обвинението и од одговорност ја ослободи поранешната пратеничка Даниела Рангелова и уште двајца обвинети.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Без струја утре дел од општина Ѓорче Петров
-
Андоновски: Откриени се злоупотреби од неколку милиони евра во Фондот за иновации, се надевам дека обвинителството ќе постапува поажурно
-
Во реонот на Лос Анџелес на сила се црвени аларми поради силните ветрови и можното ширење на пожарите
-
Членки на НАТО на барање на Германија го забрзуваат договарањето нови воени цели
-
Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
-
Почнува 29. Светско првенство во ракомет
-
По интерпелацијата на Илире Даути, партиите со свои ставови дали треба да остане на таа функција
-
На Попова Шапка 62 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 39