Адвокат: Пуџдемон нема да оди на сослушување

Белгискиот адвокат на Карлес Пуџдемон изјави денеска дека не очекува во наредните недели разрешениот каталонски лидер да се врати во Шпанија, а особено не заради сослушување пред шпанскиот суд.
Адвокат Пол Бекерт, на прашањето за појавување на Пуџдемон пред судот, изјави дека тој „не оди во Мадрид."
- Како што стојат работите во моментов, јас не гледам дека тој ќе се врати во следните неколку седмици, изјави Бекерт.
Доколку Шпанија бара екстрадиција на Пуџдемон, тогаш, за тоа одлука ќе донесат белгиските судии, а не власта, рече Бекерт.
Портпаролот на владејачката Народна партија Естебан Гонзалес Понс изјави дека ќе, ако Пуџдемон утре не се појави пред судот, „најверојатно од Белгија ќе се бара екстрадиција" и дека белгиската полиција ќе го приведе.
Врховниот шпански суд ги повика Пуџдемон и 13-те негови сменети министри да се појават пред судиите во четврток и петок, најавувајќи обвиненијата против нив.
Обвинителството претходно побара кривично гонење против нив поради поттикнување бунт.
Пуџдемон вчера порача од Брисел дека нема намера да бега од правдата, но нема да се врати во Шпанија доколку не добие гаранции дека таму ќе има фер судење.
Пуџдемон рече дека нема да бара политички азил во Белгија.
Минатата ноќ двајца министри на Пуџдемон, кои беа со него во Брисел, се вратија во Барселона.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
-

Утре нов протест за дислокација на Усје, од цементарницата тврдат дека работат според Закон
