-->
-->
Адвокат по трет пат ја напушта холандската репрезентација
-->

Дик Адвокат потврди дека нема да продолжи да соработува со Холандската фудбалска асоцијација по истекот на договорот на крајот од месецот по пријателските натпревари со Шкотска и Романија.
- Пред мене се последните два натпревари. Го напуштам националниот тим. Досега на никој не кажав дека си заминувам од репрезентацијата, па не сум преговарал со други клубови. Размислувам само на претстојните два натпревари, а потоа ќе видиме што понатаму, рече Адвокат.
Тој во мај го наследи отпуштениот Дани Блинд, но со четири победи од пет меча не успеа да ја однесе Холандија на Светското првенство во Русија.
Во текот на својата долга тренерска кариера Адвокат беше селектор и на Белгија, Србија, Јужна Кореја, Русија, Обединетите Арапски Емирати, а беше тренер во ПСВ Ајндховен, Глазгов Ренџерс, Борусија Менхенгладбах и Сандерленд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
