Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува широки ограничувања за влез на граѓани од 41 држава, јави Њујорк Тајмс.
Според нацрт-списокот, десет земји, меѓу кои Авганистан, Иран, Сирија, Куба и Северна Кореја, би биле целосно исклучени од издавање визи. Втората група од пет земји би била подложена на делумна забрана, што ќе ги погоди туристичките, студентските и други имиграциски визи. Третата група од 26 држави би се соочила со привремено запирање на визите ако нивните влади не преземат мерки за подобрување на безбедносните проверки во рок од 60 дена.
Анонимен американски официјален претставник предупредил дека конечниот список може да претрпи измени и дека мерките сè уште не се одобрени од администрацијата, вклучувајќи го и државниот секретар Марко Рубио.
На 20 јануари Трамп потпиша указ со кој се засилуваат безбедносните проверки за странските државјани што сакаат да влезат во САД. Според директивата, до 21 март треба да се подготви финален список на земји за кои ќе се воведат ограничувања.
Списокот земји за кои се однесуваат ограничувањата, според американските медиуми се следниве:
Целосна суспензија на визи: Авганистан, Куба, Иран, Либија, Северна Кореја, Сомалија, Судан, Сирија, Венецуела и Јемен.
Делумна суспензија на визите (засегнати туристички, студентски и други визи): Еритреја, Хаити, Лаос, Мјанмар и Јужен Судан.
Земји под ризик од делумна суспензија (доколку не се решат безбедносните недостатоци): Ангола, Антигва и Барбуда, Белорусија, Бенин, Бутан, Буркина Фасо, Кабо Верде, Камбоџа, Камерун, Чад, Демократска Република Конго, Доминикана, Екваторијална Гвинеја, Гамбија, Либерија, Малави, Мавританија, Пакистан, Република Конго, Сент Китс и Невис, Света Луција, Сао Томе и Принципе, Сиера Леоне, Источен Тимор, Туркменистан и Вануату.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП
-
Трет ден протест на дел од медицинскиот персонал и техничка служба од Клиничка болница Тетово
-
УКИМ не е меѓу најдобрите 2.000 универзитети според CWUR
-
Манасиевски: Судијата кој одлучувал за враќање на пасошот на Јахоски треба да се разреши
-
Раст на цените во Хрватска: Инфлацијата меѓу највисоките во еврозоната
-
Избоден малолетник во тепачка меѓу две групи ученици кај хотел „Карпош“
-
Без одобрение на државно земјиште почнал да гради шесткатница во Чаир, поведена истрага
-
Тошковски: Родителите на загинатите во Кочани имаат право да бараат, а инстиуциите се должни да дадат одговори