Адеми во Виена на меѓународен форум „Од кризен менаџмент до идни миграциски политики“
Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, по покана на директорот на Меѓународниот центар за миграциски политики и поранешен премиер на Австрија Михаил Шпинденглер, ќе учествува на меѓународниот форум „Од кризен менаџмент до идни миграциски политики“ што утре и задутре ќе се одржи во Виена.
Министерот Адеми, како што соопштија од неговиот кабинет, ќе учествува во високиот политички панел на кој ќе учествуваат федералниот министер за култура и медиуми на Австрија, Гернот Блумел, министерот за миграции на Холандија, Марк Харберс, министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушлогу и претставници на други влади од земјите членки на ЕУ, како и претставници на организации и институции.
На форумот во Виена ќе се обрати и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто