-->
-->
Адеми во Малта: Се интензивираат билатералните односи меѓу двете земји
-->

Министерот во Владата на РМ задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми оствари средба со министерот за образование и вработување на Република Малта, Еварист Бартоло, на која биле отворени повеќе прашање за развивање на билатералната соработка во сферата на образованието и рамковно регулирање на правата на македонските граѓани кои привремено претстојуваат и работат во оваа земја.
За време на разговорите, како што соопштија од Кабинетот на Адеми, биле покренати повеќе прашања од заемен интерес, како иницирање соработка со Министерството за образование во насока на размена на професори меѓу универзитетите од двете земји, размена на студенти, како и можности за признавање на дипломите и нивна нострификација.
Двајцата министри се согласиле наскоро да се разгледаат и забрзаат иницијативите помеѓу министерствата за образование на Македонија и Малта.
Министерот Адеми, како министер за дијаспора, го информирал Бартоло и за големото присутво на македонската дијаспора во Малта, а му ги пренел и впечатоците од средбите со здруженијата на гараѓани по потекло од Македонија, кои му посочиле дека се соочуваат со проблеми при издавање лична документација и регулирање на нивниот престој во Малта.
Фокусот бил ставен на скратување на времетраењето на издавање на документи, и продолжување на нивната валидност за престој на повеќе години. Пред се, тоа се однесува на личната документација и престојот.
Исто така, министерот Адеми, оствари средба и со министерот за правда, култура и локална самоуправа, Овен Боничи. На разговорите биле опфатени прашања во однос на соработката на двете држави во областа на правдата, култура и локалната самоуправа. Меѓу другото, станало збор за меѓусебно пренесување на европското искуство, во наведените области.
Воедно, двајцата соговорници испратиле силна порака за поддршка на Р. Македонија во процесот на интегрирање, добивање на датум за преговори и членството на нашата земја во ЕУ, при што изразиле отворена и по интнезивна поддршка за овие процеси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Америка го суспендира издавањето на иселенички визи за 75 земји, на списокот и нашата земја
-

Апел за помош - Исчезнат е Златко Максимовски
-

Со василичарско оро и палење на маските заврши Вевчанскиот карневал
-

Мицкоски: Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине
-

МОН: Ја јакнеме инклузијата со влезот во Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование
-

Заврши лидерската средба
-

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат
-

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа
