Адам Шиф: Очекуваме свиркачот наскоро да сведочи

Претседавачот со Комитетот за разузнавање во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Адам Шиф изјави дека очекува свиркачот кој доведе до покренување процедура за импичмент на претседателот Доналд Трамп, да сведочи „многу скоро“.
– Се што треба да биде направено е адвокатите кои го застапуваат свиркачот да добијат гаранции што им се потребни за да можат да го застапуваат за време на сведочењето, рече Шиф.
Тој истакна и дека е потребно да се осмисли логистика за да се заштити идентитетот на свиркачот.
После дојава на анонимен свиркач од разузнавачки кругови, демократите во Претставничкиот дом на Конгресот покренаа процедура за импичмент.
Демократите наведуваат дека Трамп ја злоупотребил функцијата и од украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал политичка услуга – да го истражи работењето во Украина на синот на неговиот потенцијален противкандидат од редовите на демократите Џозеф Бајден.
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
