-->
-->
АД Водостопанство: Интензивно се работи на изнаоѓање технички решенија за ургентна интервенција и санација во најбрз можен рок на оштетувањето на сифонот Макарија на ХМС „Тиквеш“
-->
АД Водостопанство на Република Северна Македонија, ја информира јавноста дека вчера е детектирано оштетување на сифонот Макарија на хидромелиоративниот систем Тиквеш, поради кое привремено е прекинат дотокот на вода која се користи исклучиво за наводнување на земјоделските површини.
Оттаму велат дека е завршен увид и во моментов интензивно се работи на изнаоѓање технички решенија за ургентна интервенција и санација во најбрз можен рок, а се со цел враќање на системот во првобитна состојба.
- Дополнителни информации, граѓаните од регионот можат да добијат во подружницата АД Водостопанство - „Тиквеш“. За сите понатамошни активности пак, поврзани со санацијата, јавноста ќе биде навремено информирана, додаваат од АД Водостопанство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија