АД Мепсо: Интензивни активности во ТС Битола 2 за намалување на ризиците од испади или дефекти
– Во насока на искористување на добрите временски услови, деновиве во ТС Битола 2 се вршат засилени ремонтни активности согласно договорот за ревитализација на високонапонската опрема во оваа трафостаница. Овој проект опфаќа замена на 67 раставувачи на 400 kV и 110 kV напонско ниво, замена на 114 потпорни изолатори и поставување на 75 мерни трансформатори на 110 kV напонско ниво а во моментов се работи на реконструкција на 400 kV поле на енергетскиот трансформатор број 2, соопшти АД Мепсо.
Од компанијата посочуваат дека не е лесно во услови на кризи од секаков тип, да се држи чекорот со планираните инвестиции, но со нивната упорност, посветеност и труд и на изведувачот на проектот Далекувод од Загреб, во рок се завршени активностите на 400 kV полиња од ТС Битола 2 до ТС Мелити Грција, oд ТС Битола 2- ТС Скопје 4,oд ТС Битола 2- ТС Дуброво, oд ТС Битола 2- ТЕЦ Битола (Блок 3) и трафо полето ТР.1 ТС Битола 2-400/110кV.
Со овој процес на модернизација и реконструкција на 400/ 110 kV трафостаница Битола 2, на долг рок не само што ја зголемуваме доверливоста и сигурноста во управувањето со електроенергетскиот систем, туку новата опрема треба да ги сведе на минимум и ризиците од испади или дефекти. Во услови на енергетска криза дополнително е важно што со новата високонапонска опрема значително ќе се намалат трошоците што АД МЕПСО ги има за одржување на оваа трансформаторска станица. Проектот за рехабилитација на ТС Битола 2 е со вредност од 3,18 милиони евра од кои 2,2 милиони се сопствени средства на МЕПСО, а останатите се заем од ЕБОР, потенцираат од компанијата.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
