АД ЕСМ воведе мерки на штедење
АД ЕСМ воведе мерки на штедење со цел намалување на трошоците во услови на енергетска криза. Мерките се насочени во правец на намалување на непродуктивните трошоци и реализација на производниот процес со вложување што помалку материјални и човечки ресурси.
Од тие причини, во тек е постапка на утврдување на работни места кои не се неопходни за производството на електрична енергија во одреден временски период. Извршителите на утврдените работни места ќе бидат упатени на принуден одмор не подолг од три месеци, согласно согласно Законот за работни односи, со исплата на 70% од платата.
Намалени или целосно запрени се и сите други трошоци, односно стопирани се спонзорствата, репрезентациите, службените патувања кои не се строго поврзани со производството на електрична енергија, сведена е на неопходниот минимум исплатата на прекувремени работни часови, додека законската дневница за патување се исплаќа во половина износ. Запрена е набавката на возила, освен возила потребни за производниот процес, додека употребата на патнички возила е целосно и строго рационализирана, стои во соопштението на ЕСМ.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
