Џет-Сет
18. December 2016 - 14:53

Аца Лукас доживеа несреќа за време на снимање

Додека новинарка од телевизија „Т шоу“ на Златибор правила интервју со српскиот пејач Аца Лукас, му се доближила повозрасна госпоѓа, и почнала да го навредува. Додека оваа госпоѓа и нејзиниот син поминувале, жената изненадно се свртела кон Аца и новинарката и им рекла:

„ Срам да ви биде, на кого му правите интервју! Поради овие земјата ни пропадна...Срамота, наместо да најдете некој научник и со нив да разговарате...“

Потоа се вмешал и Аца, и со својот одговор ја збунил:

 „Госпоѓо зарем не ме познавате, јас сум Никола Тесла! Додека синот се обидувал да ја смири ситуацијата неговата мајка сепак не попуштала па новинарката ја нарекла „гуска“ и ги повторила навредите на сметка на Аца, по што српскиот пејач порача:

„Госпоѓо, прошетајте“.