-->
-->
Абади вети ослободување на Ирак од ИД во 2016 година
-->

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади денеска вети дека во новата 2016 година ќе ја ослободи цела земја од Исламска држава.
- Ако 2015 беше година на ослободување, 2016 ќе биде година на голема победа и крај на присуството на Даеш во Ирак и во Месапотамија. Ирачките сили сега ќе го ослободат Мосул, што ќе биде фатален удар за Даеш, изјави Абади во телевизиското обраќање.
Абади не прецизира дали следната борба ќе биде во Мосул или ирачките сили прво ќе се обидат да заземат други градови и места.
Ирачкиот премиер им честиташе на ирачките безбедносни сили на денешното освојување на Рамади, кој беше под контрола на ИД од мај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УХМР: Викендов постудено - дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините
-

Почнува европската воена мисија на Гренланд
-

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судски совет бидејќи има нов Закон
-

Министерот Муцунски и раководството на МАСИТ со заеднички активности за стимулирање на извозот и нови инвестиции
-

Бебе починало во болницата во Кавадарци
-

Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки
-

Лишено од слобода лице од валандовско, управувал возило под дејство на алкохол
-

Прва медицинска евакуација од Вселената
