Кошарка
14. November 2020 - 20:10

АБА2: Работнички победи уште еден црногорски тим

Во рамките на втората АБА лига, Работнички ја забележа и втората победа. На турнирот на Златибор совладана екипата на Ловќен Цетиње со 82-77. 
Македонскиот претставник одлично играше во првото полувреме и го реши со предност од 7 поени. 
По рамноправната игра во третата четвртина следуваа извонредни 5 минути од последниот период и водство од 16 поени разлика што значеше и победа.  Балмазовиќ постигна 18, Питс 17 и Николовски 12 поени за Работнички.