-->
-->
АБА: Штрајк на судиите
-->

Неочекуван, но нималку наивен проблем, се појави во регионалната АБА лига, два дена по комплетирањето на 24. коло. Имено, доколку челниците не се договорат со судиите, тогаш прашање е дали ќе се одиграат мечевите од последните две кола.
Завршницата на последните две кола во регионалната АБА лига е доведена под знак прашалник, бидејќи судиите од Словенија најавиле дека ќе стапат во штрајк. Судиите на ваков начин имаат намера да го искажат незадоволството, бидејќи не им е исплатен долгот од 150.000 евра, наследен од времето додека со регионалната лига управуваше „АБА Сидро д.о.о“.
Српските медиуми пренесуваат дека судиите кои ја делат правдата на натпреварите во АБА лигата, упатиле предупредувачко писмо, а бидејќи од страна на лигата сé уште не добиле одговор, Словенците најавиле дека ќе стапат во штрајк.
Сé уште е непознато дали примерот на колегите од Словенија ќе го следат и останатите судии од регионот, но јасно е дека и доколку штрајкуваат само судиите од Словенија, дека АБА лигата ќе има голем проблем за да ги организира натпреварите од последните две кола.
АБА лигата време да го реши проблемот, бидејќи претстојниот викенд поради завршницата на Купот во националните првенства, нема да се играат натпревари во регионалната лига. Натпреварите од 25. коло во АБА лигата треба да се одиграат во периодот од 26. до 29. февруари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
-

Мицкоски: Интензивно се работи делот од Кичево до Охрид, ќе биде готов во планираниот рок до првиот квартал в година
