-->
-->
АБА помеѓу ФИБА и УЛЕБ?!
-->
Шампионот во АБА лигата ќе има гарантирано место во наредните три сезони, во УЛЕБ Евролигата, доколку регионалното натпреварување ја прифати понудата на елитното натпреварување. Официјалната понуда од УЛЕБ Евролигата им била презентирана на сите членови на Собранието на АБА лигата, кое во вторникот, се одржа во Белград.
Понудата која пристигнаа во седиштето на АБА лигата била потпишана од првиот човек на Евролигата, Џорди Бартомеу. Во неа се наведува дека АБА лигата би имала загарантирано едно место во Евролигата до сезоната 2018/2019.
Доколку АБА ја прифати понудата, тогаш регионалното натпреварување ќе добие Б лиценца, што значи дека таа нема да се однесува на ниту еден клуб, туку само на натпреварувањето.
АБА лигата објави дека во наредните денови ќе биде соопштена одлуката, бидејќи раководството е во преговори и со ФИБА Европа, која на регионалното натпреварување му нуди три места во Евролигата која ќе се игра во нејзина организација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палчо: На денот на убиството на Вања бев во банка
-
Власта го одби синдикалниот предлог за 500 евра минималец
-
Обезбеден грант од 2,4 милиони евра за изградба на железнички премин помеѓу Македонија и Србија
-
Дали трудовите инспектори работат на црно - СДСМ обвинува, Дурмиши негира
-
Мицкоски за закани од Ахмети: ДУИ повторно прави упад во правосудниот систем
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Државата нема да ги покрива придонесите за поголем минималец